ФИЛОЗОФИЈА

ISBN - 13 978-608-239-026-0

наслов

Како да се дејствува со зборови

јазик

Англиски

автор

Џон Л. Остин

Кратка содржина

Делото „Како да се дејствува со зборови“ од британскиот филозоф на јазикот Џон Лангшоу Остин спаѓа меѓу значајните текстови на филозофијата на дваесеттиот век и е особено реле- вантно за областа на филозофијата на јазикот. Во ова дело се поставени основите на т.н. теорија на говорните чинови, во чии рамки употребата на јазикот, со неговите многубројни функции, се третира како еден од најзначајните облици на човековото дејствување во светот.

ISBN – 13 978-608-239-005-5

наслов

Јазикот, вистината и логиката

јазик

Англиски

автор

Алфред Џ. Ејер

Кратка содржина

Ова дело на Ејер, за првпат објавено во 1936 година, претставува јасна и концизна презентација на клучните идеи на логичкиот позитивизам развиен во рамките на дејноста на т.н. „Виенски круг“. Во својата антимета-физичка ориентираност, раководејќи се од принципот на верификацијата како критериум за значењето на исказите, делото ја нагласува важноста на аналитичката и критичката функција на филозофската дејност.

ISBN - 13 978-608-239-008-6

наслов

Есеи

јазик

Англиски

автор

Френсис Бекон

Кратка содржина

Есеите на Бекон се пишувани во духот на античката традиција. Темите што се обработуваат се разновидни. Некаде Бекон размислува за вистината и за љубовта што му овозможува повисок степен на философска елаборација, другпат се свртува кон секојдневни, приземни теми како што се уредувањето на градините, трошоците или чувањето на здравјето.

ISBN 978-608-239-038-3

наслов

Филозофско истражување за потеклото на нашите идеи за возвишеното и убавото

јазик

Англиски

автор

Едмунд Берк

Кратка содржина

Филозофско истражување за потеклото на нашите идеи за возвишеното и убавото на Берк е испитување за тоа како сензацијата, имагинацијата и судот се меѓусебно поврзани во искусувањето на уметноста. Авторот објаснува како сензацијата, имагинацијата и судот го определуваат искусувањето на задоволството и болката, и како задоволството и болката се претставени преку естетските концепти за убавина и возвишеност. Убавото, според Берк, е она што е добро обликувано и естетски пријатно, додека возвишеното е она што има моќ да нè принуди и да нè уништи.

ISBN 978-608-239-034-5

наслов

Принципите на уметноста

јазик

Англиски

автор

Робин Џорџ Колингвуд

Кратка содржина

Оваа расправа за естетиката започнува со приказот дека зборот „уметност“ не се употребува само како име за „правата уметност“ туку и за одредени нешта што се „уметност погрешно наречена така“. Овие се занаетот или вештината, магијата и забавата, од кои секое кога ќе биде побркано со вистинската уметност создава лажна естетска теорија. Во текот на нападот на овие теории авторот критикува повеќе психолошки теории на уметност, нуди нова теорија на магијата, и одново го толкува таканаречениот „напад врз уметноста“ на Платон, покажувајќи дека е сосема погрешно разбран. На крај, тој извлекува важни заклучоци што се однесуваат на позициите на уметноста во човечкото општество.

IISBN 978-608-239-062-8

наслов

Историја на филозофијата, том IV – Рационалисти: од Декарт до Лајбниц

јазик

Англиски

автор

Фредерик Коплстон

Кратка содржина

Првично замислена како сериозно претставување на развојот на филозофијата за католичките училишта, единаесеттомната Историја на филозофијата ја надминала скромната цел на нејзиниот автор и стекнала универзална почит како една од најдобрите истории на филозофијата што некогаш биле напишани. Свесен за недостигот од соодветен материјал што на учениците ќе им ги доближи големите мислители низ историјата, Коплстон се обидел да го надомести ова со пишување на комплетна историја на западната филозофија, историја исполнета со настани и интелектуална возбуда – која му дава соодветно место на секој мислител, претставувајќи ја неговата мисла на прекрасно заокружен начин и покажувајќи ја неговата поврзаност со ние што биле пред него и оние што следувале по него. Резултатот од неверојатниот труд на Коплстон е историја на филозофијата што веројатно никогаш нема да биде надмината. Веднаш по воведот што ги запознава читателите со модерната филозофија, четвртиот том од Историја на филозофијата се нурнува во Декарт и неговото првично насочување кон „јас“ и продолжува со разгледување на Паскал, подемот на картезијанизмот, по што следува разработка на Малбраш, Спиноза и значајниот Лајбниц.

ISBN 978-608-239-069-7

наслов

Историја на филозофијата, том V – Британска филозофија: од Хобс до Хјум

јазик

Англиски

автор

Фредерик Коплстон

Кратка содржина

Првично замислена како сериозно претставување на развојот на филозофијата за католичките училишта, единаесеттомната Историја на филозофијата ја надминала скромната цел на нејзиниот автор и стекнала универзална почит како една од најдобрите истории на филозофијата што некогаш биле напишани. Свесен за недостигот од соодветен материјал што на учениците ќе им ги доближи големите мислители низ историјата, Коплстон се обидел да го надомести ова со пишување на комплетна историја на западната филозофија, историја исполнета со настани и интелектуална возбуда – која му дава соодветно место на секој мислител, претставувајќи ја неговата мисла на прекрасно заокружен начин и покажувајќи ја неговата поврзаност со ние што биле пред него и оние што следувале по него. Резултатот од неверојатниот труд на Коплстон е историја на филозофијата што веројатно никогаш нема да биде надмината. Историја на филозофијата, том V – Британската филозофија: од Хобс до Хјум се занимава со специфична традиција во модерната филозофија – британското и шкотското просветителство. Покрај ова, Коплстон се занимава со тоа како овие мислители ги разработиле епистемолошките прашања, владетелскиот систем и етиката. Меѓу опфатените филозофи спаѓаат Томас Хобс, платонистите од Кембриџ, Џон Лок, сер Исак Њутн, Семјуел Кларк, Џорџ Беркли и неодминливиот Дејвид Хјум.

ISBN 978-608-239-064-2

наслов

Историја на филозофијата, том VI – Просветителството: од Волтер до Кант

јазик

Англиски

автор

Фредерик Коплстон

Кратка содржина

Првично замислена како сериозно претставување на развојот на филозофијата за католичките училишта, единаесеттомната Историја на филозофијата ја надминала скромната цел на нејзиниот автор и стекнала универзална почит како една од најдобрите истории на филозофијата што некогаш биле напишани. Свесен за недостигот од соодветен материјал што на учениците ќе им ги доближи големите мислители низ историјата, Коплстон се обидел да го надомести ова со пишување на комплетна историја на западната филозофија, историја исполнета со настани и интелектуална возбуда – која му дава соодветно место на секој мислител, претставувајќи ја неговата мисла на прекрасно заокружен начин и покажувајќи ја неговата поврзаност со ние што биле пред него и оние што следувале по него. Резултатот од неверојатниот труд на Коплстон е историја на филозофијата што веројатно никогаш нема да биде надмината. Во Историја на филозофијата, том VI – Просветителството: од Волтер до Кант, Коплстон ги истражува почетоците на просветителството во Франција со посебен акцент врз Русо. Потоа преминува во Германија и ја претставува основната динамика на периодот, вклучувајќи ја секогаш релевантната политичка ситуација и опфаќајќи ги Хаман, Хердер и Јакоби пред да се врати на Франција и Волтер. Овде Коплстон исто така го опфаќа подемот на филозофијата на историјата и потоа посветува 200 извонредни страници на најважниот филозоф на просветителството, Имануел Кант.

ISBN 978-608-239-052-9

наслов

Заблудата за Бог

јазик

Англиски

автор

Ричард Докинс

Кратка содржина

Заблудата за Бог стана сензација веднаш по нејзиното објавување. Книгата беше тема на жестока дебата само недели по објавувањето, а нејзиниот автор беше етикетиран или како светец или како грешник поради ова остро, страсно побивање на религијата во сите нејзини форми. Во ова дело Докинс тврди дека натприроден создател речиси сигурно не постои и дека верувањето во личен бог претставува заблуда, која тој ја дефинира како постојано лажно верување дури и наспроти силни спротивни сведоштва. Кога многу луѓе страдаат од некоја заблуда, таа се нарекува религија. Преку многу примери тој објаснува дека не ни е потребна религијата за да бидеме морални и дека корените на религијата и на моралноста може да се објаснат на нерелигиозен начин. Заблудата за Бог е брилијантно разработена, фасцинантна полемика што е задолжително четиво за сите што се заинтересирани за оваа многу емоционална и важна тема.

ISBN 978-608-239-057-4

наслов

Разбивање на магијата: Религијата како природен феномен

јазик

Англиски

автор

Даниел К. Денет

Кратка содржина

За сè поголем број луѓе, нема ништо поважно од религијата. Таа е составен дел од нивниот брак, воспитувањето на децата и од заедницата. Во ова смело ново дело истакнатиот филозоф Даниел Денет се фокусира на овој феномен и го поставува прашањето зошто е ова така. Од каде доаѓа нашата преданост кон Бог и каква е нејзината цел? Дали религијата е слеп еволутивен порив или рационален избор? Во Разбивање на магијата Денет тврди дека е време научно да се обидеме да ги одговориме суштинските прашања за верата. Преку нарација што навлегува во историјата, филозофијата и психологијата Денет истражува како се развила организираната религија од народни верувања и зошто денес претставува толку моќна сила. Умешно и луцидно тој тврди дека „верувањето во верувањето“ го замаглило секој обид рационално да се разгледа постоењето на Бог и врската меѓу божественоста и човековите потреби. Разбивање на магијата не е антирелигиозно дело туку истражување на улогата што верувањето ја има во нашите животи, нашите интеракции и нашата земја. Со секојдневното продлабочување на бездната меѓу рационалистите и приврзаниците на „интелигентниот дизајн“, книгата на Денет претставува провокативно дело што ќе се чита и ќе предизвика силна дебата и кај религиозните и кај нерелигиозните луѓе.

ISBN 978-608-239-054-3

наслов

Мит и реалност

јазик

Англиски

автор

Мирча Елијаде

Кратка содржина

Поучен водич за модерните митологии! Оваа класична студија претежно се занимава со општества низ светот во кои митот е „жив“ или барем до неодамна бил жив, во смисла дека обезбедува модели за човеково однесување и со самото тоа му дава значење и вредност на животот. Авторот смета дека разбирањето на структурата и функцијата на митовите во овие традиционални општества служи за да се појасни една фаза во историјата на човековата мисла: „митовите откриваат дека светот, човекот и животот имаат натприродно потекло и историја и дека оваа историја е значајна, скапоцена и за пример“. Мит и реалност претставува силна дефиниција за митот како приказна за создавањето што ни помага да го разбереме значењето на животот, наспроти разбирањето на митот само како фикција.

ISBN 978-608-239-058-1

наслов

Морални, политички и книжевни есеи

јазик

Англиски

автор

Дејвид Хјум

Кратка содржина

И покрај тоа што големината на Хјум била јасно забележлива и во неговото време, како што е и денес, Есеите се едно од ретките негови дела што наишле на успех веднаш по објавувањето и биле значително читани дури и повеќе од еден век по неговата смрт. Многу години по смртта на Хјум, еден негов пријател забележал: „Неговите Есеи истовремено се и популарни и филозофски и содржат ретко и успешно соединување на прониклива наука и прекрасно пишување“. Оваа забелешка открива зошто Есеите на Хјум биле толку почитувани од неговите современици и зошто и денес го заслужуваат нашето внимание. Есеите се елегантни и забавни во поглед на стилот, но длабоко филозофски според карактерот и содржината. Тие ги разработуваат оние науки – моралот, политиката и критиката – за кои Расправата за човечката природа ја поставува основата. Копнежот по слава не бил единственото нешто што го навело Хјум да бара поширока публика за својата мисла, тој бил уверен дека комуникацијата меѓу учените луѓе и искусните луѓе е од корист за двете групи. Хјум мислел дека филозофијата губи многу ако остане затворена на факултетите и училиштата и одвоена од светот. Есеите на Хјум не значат напуштање на филозофијата туку обид таа да се подобри со тоа што ќе се осврне на проблемите на секојдневниот живот.

ISBN 978-608-239-070-3

наслов

Разновидноста на религиозното искуство: студија за човечката природа

јазик

Англиски

автор

Вилијам Џејмс

Кратка содржина

Разновидноста на религиозното искуство: студија за човечката природа е дело на психологот и филозоф Вилијам Џејмс и е составена од дваесет предавања што ги одржал на универзитетот „Единбург“ во Шкотска. Овие предавања се однесуваат на природата на религијата и запоставувањето на науката при академското проучување на религијата. Разгледувајќи ја религијата не како што е дефинирана од црквите – или како што се одвива во нив – туку како што се чувствува во секојдневниот живот, Џејмс се зафатил со проект што по завршувањето се истакнува не само како еден од најважните текстови за психологијата некогаш напишани, не само како витално сериозна контемплација за духовноста туку, според многу критичари, како едно од најдобрите дела од стручната литература во XX век. Кога ја читаме Разновидноста на религиозното искуство лесно можеме да видиме зошто е така. Применувајќи ја својата аналитичка јасност кај религиозни објаснувања од различни извори, Џејмс разработува плуралистичка рамка во која „божественото не може да означува само еден квалитет, мора да означува група квалитети со чие застапување различни луѓе можат да најдат достојни мисии“. Ова е интелектуален повик за сериозна верска толеранција – всушност, почит – чија виталност не се намалила во подоцнежните децении.

ISBN 978-608-239-046-8

наслов

Нова историја на западната филозофија. Почетокот на модерната филозофија

јазик

Англиски

автор

Eнтони Кени

Кратка содржина

Почетокот на модерната филозофија е третиот том од четиритомната „Историја на филозофијата“ и претставува фасцинантната приказна за појавувањето на нови идеи и интелектуални системи, во периодот од XVI век до раниот XIX век, кои ја оформиле модерната мисла. Авторот нè запознава со некои од најоригиналните и највлијателните мислители во светот и ни го покажува патот кон разбирањето на нивните познати дела. Меѓу мислителите со кои се среќаваме се и Рене Декарт, кој традиционално се смета за основач на современата филозофија; големите британски филозофи Хобс, Лок и Хјум; и знаменитата фигура на Имануел Кант, кој можеби повеќе од сите други ја направил филозофијата тоа што е денес.

ISBN 978-608-239-055-0

наслов

Нова историја на западната филозофија. Филозофијата во мoдерниот свет

јазик

Англиски

автор

Ентони Кени

Кратка содржина

Сер Ентони Кени ја раскажува фасцинантната приказна на развојот на филозофијата во модерниот свет, од раниот XIX до доцниот XXвек. Исплетени со неверојатниот научен напредок, културни промени и политички пресврти, во последните два века се случија некои од најинтересните и најоригиналните развивања во филозофското размислување, кои го трансформираа нашето разбирање за самите нас и нашиот свет. Во првиот дел од книгата Кени нуди живописна нарација со која ги воведува главните мислители во нивниот историски контекст. Потоа продолжува јасно да го води читателот низ деветте главни области на филозофската работа во периодот, нудејќи сериозно вклучување во идеите и аргументите. Меѓу нив ги среќаваме големите фигури на филозофијата на континентална Европа, од Шопенхауер, Кјеркегор и Ниче, до Хајдегер и Сартр; прагматистите кои за првпат развиле карактеристична американска филозофска традиција; Маркс, Дарвин и Фројд, нефилозофите чие влијание врз филозофијата било огромно; Витгенштајн и Расел, пријатели и колеги кои ја одредиле насоката на аналитичката филозофија во XX век. Филозофијата во модерниот свет ја завршува авторитативната Нова историја на западната филозофија на Ентони Кени. Четирите тома беа наменети да се надоврзуваат еден на друг: тие нудат унифициран преглед на целосниот развој на филозофијата, допуштајќи им на читателите да ги следат темите низ вековите, од антиката до денес. Приказната е украсена со избор од интересни и прекрасни илустрации.

ISBN 978-608-239-061-1

наслов

Еднодимензионален човек

јазик

Англиски

автор

Херберт Маркузе

Кратка содржина

Во Еднодимензионален човек, еден од најважните текстови на денешницата, анализата и претставата што Маркузе ги дава за еднодимензионалниот човек во еднодимензионално општество го обликувала начинот на кој многу млади радикали гледале на животот и како го искусувале животот. Во ова дело Маркузе преминува на она што е централен проблем во нашата цивилизација – како да се усогласат оригиналноста и спонтаноста и сите креативни аспекти на нашата човекова природа со доминантниот стремеж кон рационалност што има тенденција да ги сведе сите видови темперамент и желба на еден универзален систем на мисла и однесување. Тој не тврди дека го решава овој проблем, но тоа што ги претставува алтернативите на јасен и критички начин, прави овој избор да биде неизбежен за секоја општествено одговорна индивидуа. Односно, тој прави да сфатиме дека изборот сега е меѓу животот и смртта на нашата цивилизација.

ISBN -13 978-608-239-001-7

наслов

Утилитаризам

јазик

Англиски

автор

Џон Стјуарт Мил

Кратка содржина

Ова прочуено и влијателно дело на Мил, за првпат објавено во 1861 година, е напишано со цел да се покаже вредноста на утилитаризмот како етичка теорија втемелена врз принципот на корисноста, според кој човековте дејствија се исправни во мерата во која ја поттикнуваат и максимизираат среќата. Истовремено, Мил настојува да ја покаже и незаснованоста на критиките што произлегуваат од неадекватното разбирање на суштината на утилитаризмот.

ISBN 978-608-239-047-5

наслов

Генеалогија на моралот

јазик

Германски

автор

Фридрих Вилхелм Ниче

Кратка содржина

Земајќи ја предвид влијателноста на Фридрих Ниче, „Генеалогија на моралот“ е едно од неговите најважни дела за етиката и политиката. Главната мисла на оваа книга е претставена како критика на моралните вредности, проследувајќи го историскиот развој на поимите како што се вина, свест, одговорност, закон и правда. Со својата големина тоа претставува полемички придонес за моралната и политичка теорија.

ISBN 978-608-239-042-0

наслов

Од другата страна на доброто и злото

јазик

Германски

автор

Фридрих Вилхелм Ниче

Кратка содржина

Во „Од онаа страна на доброто и злото“, Ниче го гради поимот за страдањето, поврзан со претставите или изведен од нив како мерило за филозофијата на „волјата за моќ“. Волјата за моќ со себе го носи страдањето, ужасното откритие кое Ниче го нарекува Дионисово. „Од онаа страна на доброто и злото“ може да се набљудува како крај, заклучок во секој случај на внатрешното искуство на овој автор. И покрај изминатите години, влијанието на овој автор и ова негово дело останува исто.

ISBN 978-608-239-049-9

наслов

Светото – за ирационалното во идејата за божественото и неговиот однос со рационалното

јазик

Германски

автор

Рудолф Ото

Кратка содржина

Во „Светото“ Рудолф Ото се зафаќа со потфатот да пишува за она што се нарекува „нерационално“, или „надрационално“, во длабочините на божествената природа. Оваа книга е сериозен обид за анализирање на вистинското чувство што останува да постои онаму каде што исчезнува поимот, обид за воведување на терминологија која во времето на нејзиното создавање не била толку бујна како и неодредена за да ја има нужноста од употреба на симболи.

ISBN 13- 978-608-239-018-5

наслов

Од логичка гледна точка: девет логичко-филозофски есеи

јазик

Англиски

автор

Вилар ван Орман Квајн

Кратка содржина

Книгата „Од логичка гледна точка. Девет логичко-филозофски есеи“ од реномираниот американски логичар и филозоф Вилар ван Орман Квајн претставува едно од стожерните дела на логичко-аналитичката мисла на дваесеттиот век. Тоа опфаќа девет Квајнови есеи во кои се расправа за клучните онтолошки, епистемолошки и логички прашања што ја преокупираат современата филозофија, особено онаа со аналитичка ориентација.

ISBN – 13 978-608-239-014-7

наслов

Обожавањето на слободниот човек и други есеи

јазик

Англиски

автор

Бертранд Расел

Кратка содржина

Делото „Обожавањето на слободниот човек и други есеи“ претставува збирка од неколку влијателни есеи на прочуениот британски филозоф, логичар, математичар и општествен критичар, Бертранд Расел, во кои тој ги изложува своите хуманистички идеи и своите сфаќања за односот меѓу филозофијата и науката.

ISBN 978-608-239-034-5

наслов

Нашето знаење за надворешниот свет

јазик

Англиски

автор

Бертранд Расел

Кратка содржина

„Нашето знаење за надворешниот свет како поле за примена на научниот метод во филозофијата“ е уште едно од прочуените дела на нобеловецот Бертранд Расел во кое авторот детално ги елаборира основните ставови на својата теорија на познанието. Во оваа книга, Расел посветува особено внимание на процесот во кој, според него, нашата слика за физичкиот свет се конструира врз основа на непосредните податоци на сетилата.

ISBN 978-608-239-033-8

наслов

Текстови за филозофијата на уметноста

јазик

Германски

автор

Фридрих Вилхелм Јозеф Шелинг

Кратка содржина

Филозофијата на уметноста е беседа на односот меѓу пластичните уметности и природата. Спојот на овие „Текстови за филозофијата на уметноста“ од Ј. В. Ф. Шелинг е јасна слика за неговиот постмодернискички дух во филозофијата во времето во кое творел, проблематизирајќи го односот меѓу филозофијата и уметноста на еден особен „постмодернистички“ начин. Воопшто не е необично што Шелинг силно го привлекува митот, со оглед на тоа дека средишното прашање на Шелинговата филозофија е односот на германската романтика кон митологијата и уметноста. Со своето дело Шелинг може да се закити со титулата уметник, но во онаа филозофска смисла на зборот.

ISBN -13 978-608-239-000-0

наслов

Преоткривање на умот

јазик

Германски

автор

Џон Серл

Кратка содржина

Низ детална и аргументирана критика на доминантните современи гледишта во областа на филозофијата на умот, ова значајно дело настојува да ја реафирмира неодминливата улога на свеста во проучувањето на умот. Поаѓајќи од неприфаќањето на традиционалното спротивставување на „менталното“ и „физичкото“, во него се образложува теоријата за свеста и нејзината врска со нашиот целокупен научен светоглед и со несвесните ментални феномени.

ISBN 978-608-239-063-5

наслов

Индивидуи

јазик

Германски

автор

Питер Стросон

Кратка содржина

Од објавувањето во 1959 г., Индивидуи стана современа филозофска класика. Храбра во својот опсег и амбиција, оваа книга продолжува да влијае врз дебатите во метафизиката, филозофијата на логиката и јазикот и епистемологијата. Како најпознато дело на Питер Стросон, таа има за цел да ја опише токму основната тема на нашата мисла. Го содржи сега познатиот аргумент на Стросон за дескриптивната метафизика и неговото отфрлање на ревизионистичката метафизика, во која реалноста е нешто надвор од светот на нештата како што изгледаат. Првиот дел од книгата го дава местото на телата и личностите во нашата мисла. Стросон поставува некои фундаментални прашања, меѓу кои и зошто на едно нешто му припишуваме состојби на свест и зошто ги припишуваме на истото нешто на кое му припишуваме физички предикати. Вториот дел од книгата ја воспоставува врската меѓу телата и личностите и идејата за објект на референција. Стросон тврди дека клучната врска меѓу овие два поима, а со тоа и објаснувањето на статусот на поединечноста како парадигматичен логички субјект, е содржана во идејата за „комплетност“. Во целата своја содржина, Индивидуи изнесува некои доста влијателни и контроверзни идеи, како што е „несолипсистичката свест“ и поимот за личност како „примитивен поим“.

ISBN 978-608-239-068-0

наслов

Кохерентноста на теизмот

јазик

Германски

автор

Ричард Свинберн

Кратка содржина

Кохерентноста на теизмот истражува дали тврдењето дека постои Бог може да се изрази на кохерентен начин. Првиот дел анализира како можеме да покажеме дека некое тврдење е кохерентно или некохерентно. Се претпоставува дека Бог е лично битие, сеприсутен, совршено слободен и создател на универзумот, семоќен, сезнаен, совршено добар, извор на морална обврска и вечен. Вториот дел анализира како овие божествени својства може да се разберат на кохерентен и заемно доследен начин. Третиот дел ја разгледува божествената нужност и тврди дека постоењето на Бог нужно мора да се сфати како да е грубиот факт од кој зависи сè друго, но дека тоа што ги има божествените својства нужно мора да се сфати како да неговото поседување на овие својства е логички нужно за неговото постоење. Последното поглавје тврди дека ако постои Бог од типот што е анализиран во претходните поглавја, тој е достоен за почитување.

ISBN - 13 978-608-239-004-8

наслов

Предавања и разговори за естетиката, психологијата и религиозното верување

јазик

Германски

автор

Лудвиг Витгенштајн

Кратка содржина

Со оглед на општиот философски профил на Витгенштајн, книгата претставува мало изненадување. Појаснувањето лежи во фактот што тука се работи за предавања и разговори од естетиката, психологијата и религијата што философот ги водел во приватни простории во Кембриџ, односно во сосема затворен круг на слушатели и соговорници.